Бела крем салата со компир и мајонез
Кој не би сакал брз и лесен рецепт? Секој од нас ќе се согласи дека е така, па пробајте ја нашата бела крем салата со компир,мајонез и кисело млеко. Состојките се едноставни, а вкусот е многу пријатен и ќе се „заљубите“ уште при првиот залак како и ние!Оваа салата одлично се комбинира со месо на скара или топло печено домашно лепче(кликнете за предлог рецепт за лепче).
Чекори на подготовка
- Најпрво подгответе ги компирите.
- Излупете ги и ставете ги во тенџере со ладна вода и малку сол и оставете да се варат, или прочитајте ја тука најдобрата техника за варење на компири за салата.
- Сварените компири извадете ги од тенџерето и оставете да се изладат, па исечете ги на коцки.
- Сите состојки, варените компири, сечканиот магдонос, киселата павлака, мајонезот и иситнетото сирење ставете ги во длабок сад, посолете и зачинете со црн пипер,па убаво измешајте.
- Готовата крем салата од компири е највкусна откако ќе се излади, а тоа може да го направите и во фрижидер.
- Изладената крем салата од компири послужете ја декорирана со гранче магдонос.
Намирници
- 400 гр варени компири
- 400 мл кисела павлака
- 200 мл Витанез салатен мајонез
- 150 гр сирење
- неколку ливчиња магдонос
- цеден сок од 1 лимон
- сол и црн пипер по вкус.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments