Најпрво подгответе ги компирите.
Излупете ги и ставете ги во тенџере со ладна вода и малку сол и оставете да се варат, или прочитајте ја тука најдобрата техника за варење на компири за салата.
Сварените компири извадете ги од тенџерето и оставете да се изладат, па исечете ги на коцки.
Сите состојки, варените компири, сечканиот магдонос, киселата павлака, мајонезот и иситнетото сирење ставете ги во длабок сад, посолете и зачинете со црн пипер,па убаво измешајте.
Готовата крем салата од компири е највкусна откако ќе се излади, а тоа може да го направите и во фрижидер.
Изладената крем салата од компири послужете ја декорирана со гранче магдонос.