Брза крем салата со ориз и мајонез

by | Мај 12, 2023 | 0 comments

 

Дел од денот: ручек
Тип: останато
Teжина: тешко
Време: 15 - 30 мин.

Брза крем салата со ориз и мајонез

Tastify
подготовка 10 minutes
готвење 15 minutes
порции 4

Чекори на подготовка
 

  • Оризот и зеленчукот сварете ги во посебни садови и оставете ги да се изладат.
  • Во меѓувреме исечкајте ги кромидот и пиперката.
  • Во голем сад за салата измешaјте ги варениот ориз, варениот зеленчук, сечканите кромид и пиперка.
  • Додајте ги и киселата павлака и мајонезот.
  • Доколку ставите поголема количина на мајонез,намалете од павлаката и обратно.
  • Вака подготвената салата со ориз и мајонез зачинете ја со мешан сув зачин Дафинка,сол и црн пипер по вкус.
  • Послужете ја ладна како прилог со скара или печено месо.
  • На здравје!

Намирници
  

  • 1 чаша варен ориз
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 чаша златна мешавина (варен и оладен зеленчук –грашок, морков и пченка)
  • 1/2 лажици кисела павлака
  • салатен мајонез од Витаминка по вкус
  • 1 црвена пиперка исечкана на коцки
  • малку мешан сув зачин Дафинка
  • сол и црн пипер по вкус.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг