Оризот и зеленчукот сварете ги во посебни садови и оставете ги да се изладат.
Во меѓувреме исечкајте ги кромидот и пиперката.
Во голем сад за салата измешaјте ги варениот ориз, варениот зеленчук, сечканите кромид и пиперка.
Додајте ги и киселата павлака и мајонезот.
Доколку ставите поголема количина на мајонез,намалете од павлаката и обратно.
Вака подготвената салата со ориз и мајонез зачинете ја со мешан сув зачин Дафинка,сол и црн пипер по вкус.
Послужете ја ладна како прилог со скара или печено месо.
На здравје!