Брза мусака со пире од компири
Чекори на подготовка
- Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
- Во тава на оган ставете масло да се загрее.
- Во загреаното масло додајте ги исечканиот кромид и лук.
- Пржете ги додека кромидот добие светло кафеава боја.
- Потоа додајте го меленото месо и промешајте.
- Кога месото ќе се запржи, додајте Дафинка(мешан зачин) и мелен црн пипер.
- Измешајте и тргнете ја тавата од огнот.
- Започнете со подготовка на пирето од компири.
- Во тенџере на оган ставете ја водата да се вари.
- Штом водата зоврие додајте сол и мешан зачин.
- Тенџерето тргнете го од огнот.
- Во тенџерето додајте ги млекото и содржината од ќесичките за пирето.
- Измешајте и додајте го путерот.
- Оставете го пирето околу 10-тина секунди.
- Во намрсена тава за печење, ставете половина од пирето.
- Врз пирето распоредете го филот од мелено месо.
- Во тавата ставате ја останатата половина пире и попрскајте малку масло.
- Така припремената мусака од пире ставете ја да се печи во загреана рерна на 200 степени за време од 15-20 минути.
- Јајцата изматете ги, а по желба додајте малку млеко.
- Изматените јајца додајте ги во тавата, наредете шери домати по желба и продолжете со печење уште 5-10 минути.
- Уживајте во светот со вкусовите на Витаминка!
Намирници
За инстант пире од компири:
- 2 ќесички инстант пире од Витаминка
- 1 л вода
- 1 лажичка сол
- 1 мала лажичка мешан зачин Дафинка
- ½ л млеко
- 2 лажици путер
За фил:
- 300 г мелено месо
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 мала лажичка мешан зачин Дафинка
- мелен црн пипер од Витаминка
- Брилијант масло по потреба
- 3 јајца
- 10 шери домати по желба.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
Супер идеја !
Ова е супер,без лупење,варење,пасирање.Побрзо амин,повкусно амин.Благодарам за рецептот😘