Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
Во тава на оган ставете масло да се загрее.
Во загреаното масло додајте ги исечканиот кромид и лук.
Пржете ги додека кромидот добие светло кафеава боја.
Потоа додајте го меленото месо и промешајте.
Кога месото ќе се запржи, додајте Дафинка(мешан зачин) и мелен црн пипер.
Измешајте и тргнете ја тавата од огнот.
Започнете со подготовка на пирето од компири.
Во тенџере на оган ставете ја водата да се вари.
Штом водата зоврие додајте сол и мешан зачин.
Тенџерето тргнете го од огнот.
Во тенџерето додајте ги млекото и содржината од ќесичките за пирето.
Измешајте и додајте го путерот.
Оставете го пирето околу 10-тина секунди.
Во намрсена тава за печење, ставете половина од пирето.
Врз пирето распоредете го филот од мелено месо.
Во тавата ставате ја останатата половина пире и попрскајте малку масло.
Така припремената мусака од пире ставете ја да се печи во загреана рерна на 200 степени за време од 15-20 минути.
Јајцата изматете ги, а по желба додајте малку млеко.
Изматените јајца додајте ги во тавата, наредете шери домати по желба и продолжете со печење уште 5-10 минути.
Уживајте во светот со вкусовите на Витаминка!