Домашен чипс од цвекло

by | Мај 12, 2023 | 0 comments

 

Дел од денот: вечера
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: 30 - 60 мин.

Домашен чипс од цвекло

Tastify
подготовка 15 minutes
готвење 25 minutes
порции 2

Чекори на подготовка
 

  • Најпрво загрејте ја рерната на 200 степени.
  • Цвеклото добро измијте го од земјата, излупете го и исечете го на тенки кругови.
  • Во мал, длабок сад измешајте ги Брилијантот,морската сол, црниот бибер и ориганото.
  • Со вака подготвениот прелив премачкајте ги круговите цвекло и наредете ги во плех за печење во еден слој, за да може рамномерно да се испечат.
  • Може и да ги наредите на решетката од шпоретот,бидејќи така воздухот подобро ќе циркулира од двете страни и на тој начин цвеклото ќе се испечи подобро.
  • Чипсот печете го околу 20 до 25 минути.
  • Потоа извадете го цвеклото од рерна, завртете го од другата страна и премачкајте го повторно со зачинетото масло.
  • Печете уште дополнителни 20 до 25 минути додека цвеклото постане крцкаво.
  • Повремено надгледувајте го процесот на печење ивадете ги круговите цвекло кои се веќе печени.
  • Печениот чипс од цвекло послужете го во комбинација со намаз или кечап по избор.
  • Уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 2-3 средно големи цвекла
  • 1/3 чаша Брилијант омега-3 масло
  • 1 мала лажичка оригано од Витаминка
  • морска сол и свежо мелен црн бибер од Витаминка.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг