Најпрво загрејте ја рерната на 200 степени.
Цвеклото добро измијте го од земјата, излупете го и исечете го на тенки кругови.
Во мал, длабок сад измешајте ги Брилијантот,морската сол, црниот бибер и ориганото.
Со вака подготвениот прелив премачкајте ги круговите цвекло и наредете ги во плех за печење во еден слој, за да може рамномерно да се испечат.
Може и да ги наредите на решетката од шпоретот,бидејќи така воздухот подобро ќе циркулира од двете страни и на тој начин цвеклото ќе се испечи подобро.
Чипсот печете го околу 20 до 25 минути.
Потоа извадете го цвеклото од рерна, завртете го од другата страна и премачкајте го повторно со зачинетото масло.
Печете уште дополнителни 20 до 25 минути додека цвеклото постане крцкаво.
Повремено надгледувајте го процесот на печење ивадете ги круговите цвекло кои се веќе печени.
Печениот чипс од цвекло послужете го во комбинација со намаз или кечап по избор.
Уживајте во светот на вкусовите!