Домашна лимонада – сок за растворање од лимони

by | Мај 12, 2023 | 0 comments

 

Дел од денот: доручек
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: 15 - 30 мин.

Домашна лимонада – сок за растворање од лимони

Tastify
подготовка 40 minutes
готвење 2 days
порции 2 литри

Чекори на подготовка
 

  • Лимоните ставете ги во поголем сад и додајте 1 лажица сода бикарбона од Витаминка.
  • Во садот додајте вода и оставете ги лимоните околу 20 минути.
  • Потоа добро измијте ги и исечкајте ги на коцки.
  • Половина од лимоните ставете ги во блендер и додајте 200 мл вода.
  • Избленирајте ги за да добиете каша.
  • Постапката повторете ја и со останатата половина од лимоните.
  • Доколку немате блендер може да ги сомелете на машина за мелење месо.
  • Кашата од лимони ставете ја во голем сад и додајте ја преостанатата вода.
  • Измешајте и оставете ги да отстојат за време од 24 часа.
  • Наредниот ден исцедете ги со помош на ситна цедилка или газа.
  • Во течноста додајте ги шеќерот и лимонтусот.
  • Сокот оставете го уште 24 часа, а повремено мешајте за да се растопи шеќерот.
  • Наредниот ден сокот соберете го во шишиња.
  • Од наведените состојки ќе добиете 2,5 литри сок за растворање.
  • Готовиот сок од лимони чувајте го на темно и ладно место, а најдобро е во фрижидер.

Намирници
  

  • ½ кг лимони
  • ½ кг шеќер
  • ½ кг вода
  • ½ кг ќесичка лимонтус од Витаминка.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг