Лимоните ставете ги во поголем сад и додајте 1 лажица сода бикарбона од Витаминка.
Во садот додајте вода и оставете ги лимоните околу 20 минути.
Потоа добро измијте ги и исечкајте ги на коцки.
Половина од лимоните ставете ги во блендер и додајте 200 мл вода.
Избленирајте ги за да добиете каша.
Постапката повторете ја и со останатата половина од лимоните.
Доколку немате блендер може да ги сомелете на машина за мелење месо.
Кашата од лимони ставете ја во голем сад и додајте ја преостанатата вода.
Измешајте и оставете ги да отстојат за време од 24 часа.
Наредниот ден исцедете ги со помош на ситна цедилка или газа.
Во течноста додајте ги шеќерот и лимонтусот.
Сокот оставете го уште 24 часа, а повремено мешајте за да се растопи шеќерот.
Наредниот ден сокот соберете го во шишиња.
Од наведените состојки ќе добиете 2,5 литри сок за растворање.
Готовиот сок од лимони чувајте го на темно и ладно место, а најдобро е во фрижидер.