Грахам крекери со зачини и семиња
Совети плус:Внимавајте да не ги пресолите со крупната сол.Ако сакате може и да ги замрзнете, ќе бидат одлични и потоа формата може да ја менувате по желба.Предлог сос: По желба може да ги послужите со едноставен сос од 3 лажици павлака, 1лажиче Витанез и 1 лажица кечап и поросено со оригано по вкус од Витаминка.
Чекори на подготовка
- Во сад ставете ги сите суви состојки и измешајте со помош на лажица.
- Додајте ја водата и веднаш потоа и маслото.
- Замесете убаво изедначено тесто и поделете го на 2 дела.
- Од секој дел, со помош на сукало направете тенка правоаголна кора со дебелина на бисквита.
- Од едната кора исечете ленти, а од другата триаголници.
- Веднаш ставајте ги во плех за печење, обложен со хартија.
- Тестото одговара на 2 големи плеха полни со крекери.
- Готовите грахам крекери премачкајте ги со матено јајце и поросете со крупна сол по вкус.
- Печете ги во претходно загреана рерна на 200степени, 12 до 15 минути, зависно од рерната.
- Посакувам добар апетит!
Намирници
- 10 г сув квасец
- 3 чаши грахам брашно
- 1 чаша млака вода
- 150 мл Брилијант масло
- 20 г ким
- 100 г сусам
- 2 лажици семе од афион
- 1/2 лажица оригано од Витаминка
- 1 лажица сол
За премачкување и одозгора:
- 1 јајце
- крупна морска сол по потреба.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments