Во сад ставете ги сите суви состојки и измешајте со помош на лажица.
Додајте ја водата и веднаш потоа и маслото.
Замесете убаво изедначено тесто и поделете го на 2 дела.
Од секој дел, со помош на сукало направете тенка правоаголна кора со дебелина на бисквита.
Од едната кора исечете ленти, а од другата триаголници.
Веднаш ставајте ги во плех за печење, обложен со хартија.
Тестото одговара на 2 големи плеха полни со крекери.
Готовите грахам крекери премачкајте ги со матено јајце и поросете со крупна сол по вкус.
Печете ги во претходно загреана рерна на 200степени, 12 до 15 минути, зависно од рерната.
Посакувам добар апетит!