Хумус со модри патлиџани

by | Мај 12, 2023 | 0 comments

 

Дел од денот: доручек
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: 15 - 30 мин.

Хумус со модри патлиџани

Tastify
Совет плус:
Доколку користите суров наут, истиот ставете го во сад со вода и оставете го преку ноќ. Наредниот ден исцедете го, ставетего во тенџере и прелијте го со вода. Варете го за време од 1 час, односно додека омекне. Потоа, исцедете го и оставете го да се излади. Од една чаша суров наут, треба да добиете околу 2 чаши варен наут.
подготовка 30 minutes
готвење 45 minutes
порции 4

Чекори на подготовка
 

  • Ставете ги таанот, лимоновиот сок, водата и лукотво блендер или процесор за храна и добро изблендирајте додека добиете мазна и хомогена смеса.
  • Модриот патлиџан пресечете го по должина на половина и ставете го во сад обложен со хартија за печење.
  • Прелијте го со малку маслиново масло, зачинете го со црн бибер и посолете го по вкус.
  • Печете го во претходно загреана рерна на 180степени околу 45 минути или додека омекне внатрешноста на модриот патлиџан.
  • Потоа со помош на лажица или кујнска алатка издлабете ја внатрешноста од лушпата на модриот патлиџан.
  • Во блендерот додајте ги варените и добро процедени леблебии, модриот патлиџани зачинете со сол и црн бибер по вкус.
  • Потоа,блендирајте додека да добиете хумус со хомогена текстура.
  • По потреба додајте уште малку топла вода и промешајте го хумусот од рабовите на чашата на блендерот за добро да се соединат сите состојки.
  • На крај, вака подготвениот хумус зачинете го со црвен пипер, магдонос и маслиново масло, соберете го во чиста тегла со капак и чувајте го во фрижидер до неколку дена.
  • На здравје!

Намирници
  

  • ¼ чаша таан
  • 1/3 чаша свеж лимонов сок
  • 1/3 чаша топла вода
  • 1 чешне лук
  • 2 чаши варен наут
  • ½ лажичка морска сол од Витаминка
  • 1 средно голем модар патлиџан
  • црн бибер по вкус
  • Брилијант девствено маслиново масло по потреба
  • лут или благ црвен пипер по желба
  • сечкан магдонос по вкус.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг