Ставете ги таанот, лимоновиот сок, водата и лукотво блендер или процесор за храна и добро изблендирајте додека добиете мазна и хомогена смеса.
Модриот патлиџан пресечете го по должина на половина и ставете го во сад обложен со хартија за печење.
Прелијте го со малку маслиново масло, зачинете го со црн бибер и посолете го по вкус.
Печете го во претходно загреана рерна на 180степени околу 45 минути или додека омекне внатрешноста на модриот патлиџан.
Потоа со помош на лажица или кујнска алатка издлабете ја внатрешноста од лушпата на модриот патлиџан.
Во блендерот додајте ги варените и добро процедени леблебии, модриот патлиџани зачинете со сол и црн бибер по вкус.
Потоа,блендирајте додека да добиете хумус со хомогена текстура.
По потреба додајте уште малку топла вода и промешајте го хумусот од рабовите на чашата на блендерот за добро да се соединат сите состојки.
На крај, вака подготвениот хумус зачинете го со црвен пипер, магдонос и маслиново масло, соберете го во чиста тегла со капак и чувајте го во фрижидер до неколку дена.
На здравје!