Лесен рецепт за ќофтиња од пилешко месо и грашок
Чекори на подготовка
- Стекот измелете го во машина за мелење и ставете го во поголем сад.
- Во друг сад ставете го грашокот да се вари. Потоа, исцедете го и измешајте го со мелениот стек.
- Во садот со месото додајте ги јајцето,млекото, зачините и брашното по потреба.
- Потоа,убаво измешајте за да добиете хомогена смеса.
- Од соединетата смеса со помош на лажица формирајте ќофтиња.
- Ќофтињата може да ги испржите или да ги испечите.
- Ако ги пржите, ставете ги во тава со Брилијант масло и пржете ги на средна температура.
- Доколку ги печете, ставете ги во тава обложенасо хартија и печете ги во претходно загреана рерна на 220 степени за време од 20-25 минути.
- Готовите ќофтиња послужете ги додека се топли со гарнир и свежа салата по избор.
- Уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 400 г мелен пилешки стек
- 100 г варени исцеден грашок
- 1/2 лажица Дафинка
- сол и црн бибер од Витаминка по вкус
- 1 јајце
- 1 лажица Витанез или 2 лажици Брилијант масло
- 2 лажици млеко
- малку брашно за да се соедини смесата и да се оформуваат ќофтињата.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments