Стекот измелете го во машина за мелење и ставете го во поголем сад.
Во друг сад ставете го грашокот да се вари. Потоа, исцедете го и измешајте го со мелениот стек.
Во садот со месото додајте ги јајцето,млекото, зачините и брашното по потреба.
Потоа,убаво измешајте за да добиете хомогена смеса.
Од соединетата смеса со помош на лажица формирајте ќофтиња.
Ќофтињата може да ги испржите или да ги испечите.
Ако ги пржите, ставете ги во тава со Брилијант масло и пржете ги на средна температура.
Доколку ги печете, ставете ги во тава обложенасо хартија и печете ги во претходно загреана рерна на 220 степени за време од 20-25 минути.
Готовите ќофтиња послужете ги додека се топли со гарнир и свежа салата по избор.
Уживајте во светот на вкусовите!