Наполеон колачи со лиснато тесто и цреши
Чекори на подготовка
- Замрзнатото лиснато тесто извадете го од замрзнувачот и оставете го на собна температура 15 до 20 минути.
- Потоа исечете го на 12 еднакви квадрати.
- Наредете ги парчињата лиснато тесто во тава обложена со хартија за печење и ставете ги во загреана рерна на 200 °C.
- Печете го лиснатото тесто 10 до 15 минути додека порумени.
- Извадете го тестото од рерната и оставете го да се излади.
- Во сад за матење ставете го крем пудингот од ванила и додајте 100 мл млеко.
- Изматете со миксер за време од 3-4 минути додека се добие густ крем.
- Во друг сад за матење ставете ја шлаг пената и додајте 100 мл млеко.
- Изматете со миксер за време од 3-5 минути додека се добие густ шлаг.
- Во садот со крем пудингот додајте ја шлаг пената и изматете кратко за да се соединат состојките.
- По желба додајте шеќер во прав.
- Во чаша или друг сад ставете го желатинот и додајте 50 мл вода.
- Измешајте и оставете го да набабри за време од 3 минути.
- Желатинот растопете го на оган или во микробранова печка, притоа внимавајте да не зоврие.
- Во садот со пудингот додајте го желатинот и изматете со миксер околу минута до две.
- Филот оставете го 10-20 минути.
- Коцките од лиснато тесто пресечете ги на половина(хоризонтално).
- Треба да добиете 24 парчиња.
- Со готварски шприц ставете малку фил врз еден слој лиснато тесто.
- Потоа наредете неколку парчиња сечкани цреши и додајте уште малку фил.
- Ставете друг слој од лиснато тесто, филувајте и додајте јагоди.
- На крај ставете уште еден слој лиснато тесто.
- Нанесете уште малку фил и додајте цреши сечени на половина.
- Потребни се 3 квадрати од лиснато тесто за да се состави еден наполеон колач.
- Чоколадото растопете го на пареа.
- Колачите декорирајте ги со растопено чоколадопо желба и шеќер во прав.
- Уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 500 г замрзнато лиснато тесто
- 1 ќесичка шлаг крем со вкус на ванила без варење од Витаминка
- 1 ќесичка шлаг пена од Витаминка
- 200 мл млеко
- 50-100 г шеќер во прав од Витаминка
- 1 ќесичка желатин
- 50 мл вода
- 300 г цреши
- 50 г Синтагма какао крем за торти (чоколадо за готвење)за декорација по желба.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments