Замрзнатото лиснато тесто извадете го од замрзнувачот и оставете го на собна температура 15 до 20 минути.
Потоа исечете го на 12 еднакви квадрати.
Наредете ги парчињата лиснато тесто во тава обложена со хартија за печење и ставете ги во загреана рерна на 200 °C.
Печете го лиснатото тесто 10 до 15 минути додека порумени.
Извадете го тестото од рерната и оставете го да се излади.
Во сад за матење ставете го крем пудингот од ванила и додајте 100 мл млеко.
Изматете со миксер за време од 3-4 минути додека се добие густ крем.
Во друг сад за матење ставете ја шлаг пената и додајте 100 мл млеко.
Изматете со миксер за време од 3-5 минути додека се добие густ шлаг.
Во садот со крем пудингот додајте ја шлаг пената и изматете кратко за да се соединат состојките.
По желба додајте шеќер во прав.
Во чаша или друг сад ставете го желатинот и додајте 50 мл вода.
Измешајте и оставете го да набабри за време од 3 минути.
Желатинот растопете го на оган или во микробранова печка, притоа внимавајте да не зоврие.
Во садот со пудингот додајте го желатинот и изматете со миксер околу минута до две.
Филот оставете го 10-20 минути.
Коцките од лиснато тесто пресечете ги на половина(хоризонтално).
Треба да добиете 24 парчиња.
Со готварски шприц ставете малку фил врз еден слој лиснато тесто.
Потоа наредете неколку парчиња сечкани цреши и додајте уште малку фил.
Ставете друг слој од лиснато тесто, филувајте и додајте јагоди.
На крај ставете уште еден слој лиснато тесто.
Нанесете уште малку фил и додајте цреши сечени на половина.
Потребни се 3 квадрати од лиснато тесто за да се состави еден наполеон колач.
Чоколадото растопете го на пареа.
Колачите декорирајте ги со растопено чоколадопо желба и шеќер во прав.
Уживајте во светот на вкусовите!