Посни мини пица палачинки
Чекори на подготовка
- Во сад ставете го брашното, печивото,ориганото и солта.
- Добро измешајте.
- Во друг сад ставете ги посниот мајонез,кечапот и маслото.
- Измешајте ги и додајте ги во садот со сувите состојки.
- Додајте ја и водата и убаво измешајте за смесата да се соедини.
- Печете на средна температура, во загреано и малку намрсено тавче за палачинки.
- Соедна лажица зацрпете од смесата, а со другата одделете ја во тавчето.
- Кога ќе падне во тавчето ќе наликува на топче со неправилна форма, па по потреба малку притиснете одозгора.
- Почекајте 2 минути да се испечи од едната страна,а потоа превртете ја и оставете ја уште 1-2 минути да се печи од другата страна.
- Ако температурата ви е посилна, прилагодете го печењето, но трудете се секоја палачинка да е зготвена и во внатрешноста.
- Сервирајте со кечап и маслинки за прилог и уживајте во светот на вкусовите.
- На здравје!
Намирници
- 1 чаша брашно
- 1 лажиче прашок за печиво од Витаминка
- 1 лажиче оригано
- 1/2 лажиче сол
- 2 полни лажици посен мајонез од Витаминка
- 2 лажици кечап од Витаминка
- 1 лажицa Брилијант масло
- 150 мл вода
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments