Во сад ставете го брашното, печивото,ориганото и солта.
Добро измешајте.
Во друг сад ставете ги посниот мајонез,кечапот и маслото.
Измешајте ги и додајте ги во садот со сувите состојки.
Додајте ја и водата и убаво измешајте за смесата да се соедини.
Печете на средна температура, во загреано и малку намрсено тавче за палачинки.
Соедна лажица зацрпете од смесата, а со другата одделете ја во тавчето.
Кога ќе падне во тавчето ќе наликува на топче со неправилна форма, па по потреба малку притиснете одозгора.
Почекајте 2 минути да се испечи од едната страна,а потоа превртете ја и оставете ја уште 1-2 минути да се печи од другата страна.
Ако температурата ви е посилна, прилагодете го печењето, но трудете се секоја палачинка да е зготвена и во внатрешноста.
Сервирајте со кечап и маслинки за прилог и уживајте во светот на вкусовите.
На здравје!