Трилече со карамел – омилен млечен десерт по испробан рецепт
Чекори на подготовка
- Рерната пуштете ја да се загрева на 200 степени.
- Во сад за матење ставете ги белките.
- Започнете со матење со миксер и постепено додавајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер.
- Изматете додека добиете цврст шлаг.
- Во друг сад изматете ги жолчките додека се згуснат, а потоа додајте ги во садот со белките.
- Продолжете со матењето уште 1-2 минути.
- Брашното и прашокот за печиво просејте ги и додајте ги во садот со изматените јајца.
- Измешајте со шпатула.
- Тавата обложете ја со хартија за печење.
- Во тавата ставете ја смесата за колачот и израмнете.
- Пандишпанот печете го 10 минути на 200 степени, а потоа намалете ја температура на 180 степени и печете уште 25-35 минути.
- Печениот пандишпан оставете го да се излади околу15 минути, а потоа превртете го врз кујнска крпа и отстранете ја хартијата.
- Млекото,кондензираното млеко и слатката павлака ставете ги во длабок сад и измешајте ги.
- Половина од течноста ставете во тавата во која се печеше трилечето.
- Пандишпанот вратете го во тавата така што горната страна на колачот сега треба да биде долу поставена.
- Врз пандишпанот додајте ја преостанатата течност и оставете го 30 минути.
- Потоа премачкајте го со карамел и исечете парчиња.
- Трилечето декорирајте го со изматена слатка павлака и парчиња чоколадо.
- Послужете со омиленото кафе и уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 8 јајца со средна големина
- 300 г шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 300 г брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво од Витаминка
- 300 мл кондензирано млеко со 10% мм
- 700 мл слатка павлака
- 1 л млеко
- 500 г карамел фарситура.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments