Рерната пуштете ја да се загрева на 200 степени.
Во сад за матење ставете ги белките.
Започнете со матење со миксер и постепено додавајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер.
Изматете додека добиете цврст шлаг.
Во друг сад изматете ги жолчките додека се згуснат, а потоа додајте ги во садот со белките.
Продолжете со матењето уште 1-2 минути.
Брашното и прашокот за печиво просејте ги и додајте ги во садот со изматените јајца.
Измешајте со шпатула.
Тавата обложете ја со хартија за печење.
Во тавата ставете ја смесата за колачот и израмнете.
Пандишпанот печете го 10 минути на 200 степени, а потоа намалете ја температура на 180 степени и печете уште 25-35 минути.
Печениот пандишпан оставете го да се излади околу15 минути, а потоа превртете го врз кујнска крпа и отстранете ја хартијата.
Млекото,кондензираното млеко и слатката павлака ставете ги во длабок сад и измешајте ги.
Половина од течноста ставете во тавата во која се печеше трилечето.
Пандишпанот вратете го во тавата така што горната страна на колачот сега треба да биде долу поставена.
Врз пандишпанот додајте ја преостанатата течност и оставете го 30 минути.
Потоа премачкајте го со карамел и исечете парчиња.
Трилечето декорирајте го со изматена слатка павлака и парчиња чоколадо.
Послужете со омиленото кафе и уживајте во светот на вкусовите!