Брз ориз со пилешко (Караванче)
Чекори на подготовка
- Стекот исечете го на коцки со големина 1,5*1,5 см.
- Во големо караванче ставете 2 лажици масло и кромид и да се загрее на умерено висока температура за кромидот да добие црвеникава боја.
- Додајте го пилешкиот стек, оризот,лукот и зачинетесо сол,црн бибер,Дафинка зачин и соја сос од Витаминка.
- Додајте ја златната мешавина, додајте вода за убаво да ги покрие состојките и ставете го да се печи во рерна на 180 степени околу 30 минути односно додека да се потпечи по ваш вкус.
- Топлиот брз ориз со пилешко послужете го со срирача по желба.
- Уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 3 чаши ориз со долго зрно
- 350 г пилешки стек
- 4 лажици Брилијант масло
- 1⅓ чаша замрзната златна мешавина (грашок, морков и пченка)
- 3 страка сечкан млад кромид
- 1-2 чешниња лук
- 3 лажици соја сос од Витаминка
- Дафинка зачин од Витаминка
- морска сол и мелен црн бибер од Витаминка.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments