Стекот исечете го на коцки со големина 1,5*1,5 см.
Во големо караванче ставете 2 лажици масло и кромид и да се загрее на умерено висока температура за кромидот да добие црвеникава боја.
Додајте го пилешкиот стек, оризот,лукот и зачинетесо сол,црн бибер,Дафинка зачин и соја сос од Витаминка.
Додајте ја златната мешавина, додајте вода за убаво да ги покрие состојките и ставете го да се печи во рерна на 180 степени околу 30 минути односно додека да се потпечи по ваш вкус.
Топлиот брз ориз со пилешко послужете го со срирача по желба.
Уживајте во светот на вкусовите!