Ролат од свинско каре, пршута и суви сливи

by | Јан 31, 2024 | 0 comments

Дел од денот: вечера
Тип: останато
Teжина: средно
Време: над 60 мин.

Ролат од свинско каре, пршута и суви сливи

Biljana Gribovska
Рецепт за празничен ручек кога ви треба за повеќе лица
подготовка 20 minutes
готвење 3 hours
вк. време 3 hours 20 minutes
порции 10 -12 луѓе

Чекори на подготовка
 

  • Една вкусен и сочен месен ролат во кој сите уживаа за време на божиќниот ручек, додадете сос од печурки и печени компири како прилог и добивате оброк достоен да се натпреварува со јадењата приготвени од најелитните ресторани. Рецептот го измислив сама како фузија од повеќе онлајн рецепти! Кај мене сите сеуште го коментираат ролатот и најверојатно ќе се најде на менито за некоја слава или собиранка пролетва, а сега малку постпразнична диета 🙂

Метод:

  • 1.Карето отворете го со засеци од нож, или како што би рекле 24кичен готвачи „butterfly it“ , ако не знаете како да го сторите тоа тогаш сигурно Вашиот месар знае, а штом читате рецепти на оваа страна сигурно сте во пријателски односи со некој месар, па тој ќе ве услужи! Малку омекнете го месото со чекан за месо од двете страни и „посната страна“ односно внатрешната страна на месото засечете ја со мали ромбоиди,не до крај за да може лесно да се свитка, посолете, наросете бибер и малку сосема малку сенф.
  • 2.Наредете ги лентите пршута вертикално, додадете го кашкавалот и сувите сливи во еден ред, внимателно свитакјте го ролатот и краевите зафатете ги со стапчиња за ражничи, нема потреба да се врзува ролатот бидејки ќе го обвиеме со сланина.
  • 3. Надворешната страна внимателно посолетеја, наросете бибер, сенф и масло, во овој момент одложете го ролатот од работната маса и посавете пластична фолија врз која ќе ги редите лентите сланина, најдобро е да ги поставувате една преку друга како да плетите кошица, оставете хоризонтални краеви за да ви се затворат страните на ролатот. Вратете го ролатот и со помош на фолијата замотајте ја сланината околу него.
  • 4. Оставете од одстои некое време, а може и преку ноќ.
  • 5.Пред печење извадете го од фриждер да отстои на собна темепратура месото околку еден час, час и половина. Печете во загреана рерна на 150 степени покриено со капак или алуфолија околу час и половина, најмногу до два часа, по што зголемете ја температурата на 220 околу 10тина минути, па откријте го ролатот да се допечи односно да се карамелизира сланината околу половина час.
  • 6. Ако сакате лесно да се сечи оставете комплетно да се олади на собна темература, тогаш ќе добиете идеални парчиња.

Намирници
  

  • 1. 1,5 кг свинско каре
  • 2. 100 гр. ленти пршута
  • 4. 150 гр. кашкавал насечен на коцки
  • 5. 100-150 гр. обескостени суви сливи
  • 6. 300 гр. тенки и ДОЛГИ ленти сланина за обвивање на месото
  • 7. Сол бибер, малку сенф и масло за премачкување на местото
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг