1.Карето отворете го со засеци од нож, или како што би рекле 24кичен готвачи „butterfly it“ , ако не знаете како да го сторите тоа тогаш сигурно Вашиот месар знае, а штом читате рецепти на оваа страна сигурно сте во пријателски односи со некој месар, па тој ќе ве услужи! Малку омекнете го месото со чекан за месо од двете страни и „посната страна“ односно внатрешната страна на месото засечете ја со мали ромбоиди,не до крај за да може лесно да се свитка, посолете, наросете бибер и малку сосема малку сенф.
2.Наредете ги лентите пршута вертикално, додадете го кашкавалот и сувите сливи во еден ред, внимателно свитакјте го ролатот и краевите зафатете ги со стапчиња за ражничи, нема потреба да се врзува ролатот бидејки ќе го обвиеме со сланина.
3. Надворешната страна внимателно посолетеја, наросете бибер, сенф и масло, во овој момент одложете го ролатот од работната маса и посавете пластична фолија врз која ќе ги редите лентите сланина, најдобро е да ги поставувате една преку друга како да плетите кошица, оставете хоризонтални краеви за да ви се затворат страните на ролатот. Вратете го ролатот и со помош на фолијата замотајте ја сланината околу него.
4. Оставете од одстои некое време, а може и преку ноќ.
5.Пред печење извадете го од фриждер да отстои на собна темепратура месото околку еден час, час и половина. Печете во загреана рерна на 150 степени покриено со капак или алуфолија околу час и половина, најмногу до два часа, по што зголемете ја температурата на 220 околу 10тина минути, па откријте го ролатот да се допечи односно да се карамелизира сланината околу половина час.
6. Ако сакате лесно да се сечи оставете комплетно да се олади на собна темература, тогаш ќе добиете идеални парчиња.