Салата со мајонез
Слична верзија како руската салата, само со неколку состојки помалку.
Идеална за семејни собири, родендени и многу прослави.
Чекори на подготовка
- 1.Сварете ги убаво компирот и јајцата.
- 2.Откако ќе се сварат, оставете ги да се изладат и излупете ги.
- 3.Изрендајте ги сите состојки - компирот, јајцата, шунката и корнишоните.
- 4.Истурете ги сите состојки заедно со зачините во поголем сад и промешајте убаво.
- 5.Послужете со топли кифли или лепче.
Намирници
- 500 г компир
- 200 г шунка
- 4 корнишони
- 3 јајца
- 7 лажици мајонез
- 3 лажички сол
- 1/2 лажичка бибер
Забелешки
Можете да додадете и павлака, сирење, маслинки и што друго сакате.
Салатата соберете ја во тегла и ставете ја во фрижидер - така може да стои до неколку дена.
Салатата соберете ја во тегла и ставете ја во фрижидер - така може да стои до неколку дена.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
Предобро