Медена торта со џем од кајсија

by | Мар 12, 2024 | 0 comments

Дел од денот: ручек
Тип: посно
Teжина: лесно
Време: 30 - 60 мин.

Медена торта со џем од кајсија

tea trpovska
Медена торта
подготовка 1 minute
готвење 1 minute
вк. време 1 minute
порции 8

Чекори на подготовка
 

Подготвка:

  • Во длабок сад, ставете ги медот, шеќерот, млекото и маслото. Загрејте го на средна температура, мешајте додека шеќерот не се раствори и смесата стане густа. Ставете го џемот.
  • Тргнете од рингла и оставете го да се лади.
  • Во друг сад ставете ги брашното и печивото. Измешајте убаво и претурете ја течната смеса во сувата. Ставете да се пече во тавче за печење обложено со хартија за печење. Печете на 180 Целзиусови степени, 35 минути. Кога ќе биде печена и жешка, премачкајте со остатокот од џемот убаво и прелијте со растопеното чоколадо. Оставете да се олади убаво, пред да исечете и сервирате. Voilà

Намирници
  

Состојки:

  • 2 шолји мед
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја млеко
  • 1/2 шолја масло или растопен путер
  • 4 шолји брашно
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 200 грама џем од кајсија подели го на 100 грама
  • 100 грама чоколадо
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг