Во длабок сад, ставете ги медот, шеќерот, млекото и маслото. Загрејте го на средна температура, мешајте додека шеќерот не се раствори и смесата стане густа. Ставете го џемот.
Тргнете од рингла и оставете го да се лади.
Во друг сад ставете ги брашното и печивото. Измешајте убаво и претурете ја течната смеса во сувата. Ставете да се пече во тавче за печење обложено со хартија за печење. Печете на 180 Целзиусови степени, 35 минути. Кога ќе биде печена и жешка, премачкајте со остатокот од џемот убаво и прелијте со растопеното чоколадо. Оставете да се олади убаво, пред да исечете и сервирате. Voilà