Ќофтиња од леќа
Чекори на подготовка
- Варете ја леќата додека зрното не стане цврсто, отприлика 30 мин и потоа исцедете ја.
- Измијте ја хељдата и варете ја во малку вода.
- Првата вода се фрла, во втората вода се додава сол, откако хељдата ќе ја впие целата вода значи дека е сварена.
- Морковот се вари или се бари на пареа.
- Ако користите праз, ја повторувате истата постапка како за морковот.
- Зеленчукот го сецкате ситно и го мешате со леќата и хељдата.
- Доколку немате хељда, можете да искористите ориз или просо.
- Додавате од лебот и зачинувате по вкус.
- Убаво ја мешате смесата и ја оставате да отстои за да ја впие течноста.
- Ги правите ќофтињата од смесата и ги редите во тавче посипано со брашно (палента или презла место брашно).
- Печете во претходно загреана рерна на 200°C, од 40 минути до 1 час.
- Сервирајте со салата и леб по желба.
- На здравје и уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 1/2 шоља леќа
- 1/2 шоља хељда
- 1/2 шоља морков
- средината од 2-3 парчиња стар леб
- кромид/лук/магдонос/праз по желба
- сол
- бибер
- кари
- зачин Дафинка
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments