Варете ја леќата додека зрното не стане цврсто, отприлика 30 мин и потоа исцедете ја.
Измијте ја хељдата и варете ја во малку вода.
Првата вода се фрла, во втората вода се додава сол, откако хељдата ќе ја впие целата вода значи дека е сварена.
Морковот се вари или се бари на пареа.
Ако користите праз, ја повторувате истата постапка како за морковот.
Зеленчукот го сецкате ситно и го мешате со леќата и хељдата.
Доколку немате хељда, можете да искористите ориз или просо.
Додавате од лебот и зачинувате по вкус.
Убаво ја мешате смесата и ја оставате да отстои за да ја впие течноста.
Ги правите ќофтињата од смесата и ги редите во тавче посипано со брашно (палента или презла место брашно).
Печете во претходно загреана рерна на 200°C, од 40 минути до 1 час.
Сервирајте со салата и леб по желба.
На здравје и уживајте во светот на вкусовите!