Посна чорба од леќа

by | Апр 8, 2024 | 0 comments

Дел од денот: ручек
Тип: посно
Teжина: лесно
Време: 30 - 60 мин.

Посна чорба од леќа

Tastify

Чекори на подготовка
 

  • Излупете ги компирите и исечете ги на коцки.
  • Исецкајте ги ситно кромидот, пиперката, доматот и морковите.
  • Ставете малку Брилијант масло во тенџере и оставете да се загрее.
  • Во загреаното масло ставете го кромидот и пржете додека не омекне.
  • Додајте ги сецканите компири и морковите, ставете малку вода и оставете кратко да се динста.
  • Се додава и сецканата пиперка и се динста околу 1 минута.
  • Потоа додадете ги Дафинка леќата, исецканиот домат и зачинете со Дафинка зачинот, црвена пипер, буковец и сол.
  • Мешајте постојано и додајте врела вода.
  • Покријте со капак (не целосно, за да не претече) и оставете да се вари на тивок, умерен оган до еден час.
  • Пред да го тргнете тенџерето, додајте магданос и лукче.
  • Варете уште неколку минути.
  • Топлата посна чорна послужете ја веднаш.
  • Bon appétit!

Намирници
  

  • 150-200 гр. Дафинка леќа
  • 2 моркови
  • 1 пиперка
  • 2 компира
  • 1 главица кромид
  • 1 домат
  • црвена пиперка
  • зачин Дафинка
  • малку сол
  • 2-3 чешниња лук
  • магдонос
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг