Излупете ги компирите и исечете ги на коцки.
Исецкајте ги ситно кромидот, пиперката, доматот и морковите.
Ставете малку Брилијант масло во тенџере и оставете да се загрее.
Во загреаното масло ставете го кромидот и пржете додека не омекне.
Додајте ги сецканите компири и морковите, ставете малку вода и оставете кратко да се динста.
Се додава и сецканата пиперка и се динста околу 1 минута.
Потоа додадете ги Дафинка леќата, исецканиот домат и зачинете со Дафинка зачинот, црвена пипер, буковец и сол.
Мешајте постојано и додајте врела вода.
Покријте со капак (не целосно, за да не претече) и оставете да се вари на тивок, умерен оган до еден час.
Пред да го тргнете тенџерето, додајте магданос и лукче.
Варете уште неколку минути.
Топлата посна чорна послужете ја веднаш.
Bon appétit!