Новогодишни чоколадни елки

by | Дек 17, 2024 | 0 comments

Новогодишни чоколадни елки

Tastify
подготовка 5 minutes
готвење 30 minutes

Забелешки

Состојки:
• 250 гр маргарин
• 2 лажици какао
• 100 гр чоколадо за готвење
• 250 гр житарици Чока мока
• 100 гр сусам
• 7 големи лажици мед
• за моделирање - цедалка или кеса за шлаг
• за глазирање на колачите (опционално) - 100 гр чоколадо за готвење, 2 лажици масло за јадење и чоколадни трошки
Новогодишни елки:
Прво се става маргаринот да се топи заедно со чоколадото за готвење. Откако ќе се растопи, се додава какаото. Се трга од оган и се остава да се подизлади малку.
Потоа, во таа смеса се ставаат корнфлексот, медот и сусамот. Убаво се меша смесата и се остава малку корнфлексот да ги впие чоколадото и медот.
Во модлата што ќе ја користите турете по неколку лажици од смесата и убаво натапкајте.
На крајот, готовите елки се ставаат во фрижидер да се стегнат, а потоа повторно се вадат и секоја се потопува во претходно растопено чоколадо во кое има додадено масло за јадење или, пак, се украсуваат по желба.
Откако ќе заврши и ова, повторно се враќаат во фрижидер за да се стегнат.
На здравје! 
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг