Состојки:• 250 гр маргарин• 2 лажици какао• 100 гр чоколадо за готвење• 250 гр житарици Чока мока• 100 гр сусам• 7 големи лажици мед• за моделирање - цедалка или кеса за шлаг• за глазирање на колачите (опционално) - 100 гр чоколадо за готвење, 2 лажици масло за јадење и чоколадни трошкиНовогодишни елки:Прво се става маргаринот да се топи заедно со чоколадото за готвење. Откако ќе се растопи, се додава какаото. Се трга од оган и се остава да се подизлади малку.Потоа, во таа смеса се ставаат корнфлексот, медот и сусамот. Убаво се меша смесата и се остава малку корнфлексот да ги впие чоколадото и медот.Во модлата што ќе ја користите турете по неколку лажици од смесата и убаво натапкајте.На крајот, готовите елки се ставаат во фрижидер да се стегнат, а потоа повторно се вадат и секоја се потопува во претходно растопено чоколадо во кое има додадено масло за јадење или, пак, се украсуваат по желба.Откако ќе заврши и ова, повторно се враќаат во фрижидер за да се стегнат.На здравје!
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!