Измијте ја зелената салата и наредете ги листовите во чинија за сервирање.
Сварете го белиот грав во солена вода и внимавајте зрната да не бидат преварени.
Исцедете го сварениот грав и оставете го да се олади.
Исецкајте го кромидот на ситни парчиња и во посебен сат измешајте ги гравот, кромидот, маслинките и исецканиот магдонос.
Зачинете со сол, црн бибер и сок од лимон. Сервирајте ја смесата на листовите од зелената салата.