Во тенџере ставете масло да се загрее. Ставете ги кромидот и лукот да се испржат малце. Потоа ставете ги парчињата брокула, спанаќ, зачинете со зачин Дафинка, ставете 1 литар вода и оставете да се свари брокулата, 30 минути. По желба, ставете ја целата смеса во блендер и изблендајте ја, или со алатка за пасирање, испасирајте. Пред крај, сервирајте со крем од растително потекло (соја, овес), ставете печени семки од тиква и малку малсиново. Voilà.