Go Back
Email Link
Print
Recipe Image
–
+
servings
Smaller
Normal
Larger
Дел од денот:
вечера
Тип:
посно
Teжина:
средно
Време:
30 - 60 мин.
Чоко вишна торта
Ана Марија Кузмановска
Торта без печење и совршена комбинација на чоколадо и вишна.
Испринтај рецепт
Додај во листа за купување
Go to Shopping List
подготовка
30
minutes
mins
готвење
10
minutes
mins
вк. време
40
minutes
mins
порции
12
Чекори на подготовка
Измешај ги сите состојки за базата и рамномерно распореди ја во калап со дијаметар 20-22цм.
За филот измати ги сите состојки и на крај додади го стопеното чоколадо.
За филот од вишна загреј ги вишните со засладувачот и пред да почнат да вријат додади го густинот измешан со вода. Мешај додека не се згусне убаво.
Кога ќе се олади филот со вишна стави го врз базата, а потоа стави го чоколадниот фил.
Остави ја тортата да се стегне барем неколку часа, но најдобро преку ноќ.
За подготовка на ганашот стопи ги заедно чоколадото и кокосовото млеко и рамномерно распореди го врз чоколадниот фил
Остави го малку да се стегне и потоа тортата е спремна за сечење
Намирници
1x
2x
3x
За базата:
150
г мелени јатки
150
г мелена плазма
75
г стопен путер
3-4
лажици млеко по потреба
2
лажици чоколаден крем
За филот:
200
г крем сирење (или веганско маскарпоне за посно
1
пакување маскарпоне
250г
200
г кокосово млеко од конзерва
2
пакувања шлаг фикс
150
г стопено чоколадо
50
г шеќер во прав
ванила екстракт
За фил од вишна:
1
пакување вишни
300г
ванила екстракт
2-3
лажици мед или кафеав шеќер
2
лажици густин измешани во 2 лажици вода
Ганаш
100
г чоколадо
50
г кокосово млеко
Го пробавте рецептот?
Кажете ни
како Ви се допадна!