Дел од денот: вечера
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: над 60 мин.
Баклава со крем од ф’стак
Мартина Илова
Мислам дека го имаме победникот во баклавите - ова е лудило! 🤩
подготовка 30 minutes mins
готвење 30 minutes mins
вк. време 1 hour hr
Соединете го кремот заедно со мелените ореви.
Земете една кора, попрскајте ја со маслото и ставете врз неа друга кора. Од филот со лажичка распоредете најдоле и превиткајте надолго.
Корите редете ги во намрсена тава.
Исечете ги на коцки и ставете ги да се печат на 200С околу 30 минути.
Во меѓувреме, подгответе го шербетот.
Откако ќе ја испечете баклавата, оставете ја 20 минути да олади, па потоа прелијте ја со шербетот. Вака оставете ја 4-5 часа.
- 500 г кори за баклава
- 350 г крем од ф’стак Витаминка
- 200 г мелени ореви
- Сончогледово масло за попрскување Брилијант
За шербет:
- 500 мл вода
- 600 г шеќер
- 1 ванилин шеќер Витаминка