Во сад на оган ставете 100 мл вода и додајте го шеќерот.
Откако ќе зоврие, варете уште 2 минути на средна температура.
Садот тргнете го од оган и додајте ги путерот,чоколадото, млекото во прав, какаото и сечканите ореви.
Ринглата исклучете ја и вратете го садот на оган.
Мешајте околу половина минута за смесата да се изедначи.
Смесата оставете ја малку да се излади, а потоа формирајте бомбици.
Декорирајте ги по желба и ставете ги во мали хартиени корпи.
Уживајте во светот на вкусовите!