Во сад за матење изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте го прашокот за пудинг од чоколадо.
Добро измешајте и на крај додајте го ладното млеко.
Подготвената смеса за сладолед ставете ја во тенџере и варете ја додека се згусти.
Тенџерето тргнете го од огнот.
Белките изматете ги во цврст шлаг кој постепено ќе го додавате во жешкиот пудинг со постојано мешање.
Чоколадото растопете го на пареа или во микробранова печка.
На крај во тенџерето додајте ги путерот и растопената Синтагма.
Измешајте за да се соединат состојките и оставете ја смесата да се излади.
Штом се излади ставете ја во пластичен сад и замрзнате ја.
Пред служење извадете го садот и оставете го 5 до 10 минути.
Со помош на алатка формирајте топки и ставете ги во чинии за сладолед.
По желба декорирајте со изматена шлаг пена и Твистер чоколаден прелив.
Уживајте во светот на вкусовите!