Печен зеленчук со вино и зачини
Vkusno bez meso
Ова е мојата нова љубов! Печен зеленчук со вино и зачини - совршена комбинација на здрав вкус и елегантност. Нема да биде на вашата трпеза само еднаш, верувај. Вкусот на прв пат ќе те освои.
подготовка 10 minutes mins
готвење 50 minutes mins
вк. време 1 hour hr
Најпрво ислупи ги и исечкај ги компирите
Истата постапка направи ја и со морковчињата
Измијај ги печурките
Сите состојки насечкај ги до посакуваната големина и стави ги во тава
Додади ги сите зачини заедно со маслиновото масло и виното
Нежно измасирај го зеленчукот со раце да се измешаат сите зачини заедно со маслиновото масло и виното
Стави го зеленчукот во загреана рерна на 200 Ц нека се печи околу 50 минути
Последните 10 минути уклучи вентилатор за да биде малку крцав
Уживај
200 гр. компири 200 гр. моркови 200 гр. печурки 100 мл. маслиново масло помас за готвење и пржење Витаминка 250 мл. бело вино 1 полна мала лажица куркумаВитаминка 1 полна мала лажица зачин за скара Витаминка 1 полна мала лажица зачин на помфрит Витаминка 1 мала лажица зачин Витаминка 1/2 мало лажиче црн бибер Витаминка