Печен зеленчук со вино и зачини
Ова е мојата нова љубов! Печен зеленчук со вино и зачини - совршена комбинација на здрав вкус и елегантност. Нема да биде на вашата трпеза само еднаш, верувај. Вкусот на прв пат ќе те освои.
Чекори на подготовка
- Најпрво ислупи ги и исечкај ги компирите
- Истата постапка направи ја и со морковчињата
- Измијај ги печурките
- Сите состојки насечкај ги до посакуваната големина и стави ги во тава
- Додади ги сите зачини заедно со маслиновото масло и виното
- Нежно измасирај го зеленчукот со раце да се измешаат сите зачини заедно со маслиновото масло и виното
- Стави го зеленчукот во загреана рерна на 200 Ц нека се печи околу 50 минути
- Последните 10 минути уклучи вентилатор за да биде малку крцав
- Уживај
Намирници
- 200 гр. компири
- 200 гр. моркови
- 200 гр. печурки
- 100 мл. маслиново масло помас за готвење и пржење Витаминка
- 250 мл. бело вино
- 1 полна мала лажица куркумаВитаминка
- 1 полна мала лажица зачин за скара Витаминка
- 1 полна мала лажица зачин на помфрит Витаминка
- 1 мала лажица зачин Витаминка
- 1/2 мало лажиче црн бибер Витаминка
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments