Дел од денот: вечера, ручек
Тип: веган, посно
Teжина: лесно
Време: 30 - 60 мин.
Свежа салата со крцкаво тофу
Vkusno bez meso
Мојата крцкава тофу свежа салата е патека кон здрав живот и вкусна радост. Вреди да се проба.
подготовка 10 minutes mins
готвење 20 minutes mins
вк. време 30 minutes mins
Насечкај го тофу сирењето на коцки
Додади една лажица густин и добро измешај го
Стави го тофу сирењето во тава за печење обложена со хартија за печење
Додади куркума, зачин за скара и зачин за помфрит од Витаминка
Измасирај го сирењето со раце и стави го да се пече на 180 Ц околу 20 минути
На последните 5 минути вклучи вентилатор
Насечкај свежа зелена салата, додади сол, маслиново масло ладно цедено од Витаминка, свежо цеден лимон и една лажица лимета од Витаминка
Измасирај ја салатата нежно со раце за да го впија сосот
Додади го веќе испеченото и крцаково тофу сирење
- 400 гр. тофу сирење
- 3 лажици маслиново масло за готвење и пржење од Витаминка
- 2 лажици маслиново масло ладно цедено од Витаминка
- 1 лажица куркума од Витаминка
- 2 лажици зачин за скара од Витаминка
- 1 лажица зачин за помфрит од Витаминка
- Свежа зелена салата
- 1 лажица густин