Дел од денот: доручек
Тип: веган, останато, посно
Teжина: лесно
Време: 15 - 30 мин.
Гранола во корпиња
Vkusno bez meso
Гнездо на хранливи вредности! Моите кокосови корпиња се креирани со љубов и внимание. Нема да се засладите само со една корпичка.
подготовка 10 minutes mins
готвење 20 minutes mins
вк. време 30 minutes mins
Бадемите ситно да се исечкаат.
Во длабок сад ставете ги сите состојки освен грчкиот јогурт, пудингот и шумското овошје
Измешајте ја убаво смесата
Распоредете ја во калапчиња
Печи на 160 Ц околу 10 минути.
- 80 гр. овесни снегулки
- 50 гр. протеин по ваш избор
- 45 гр. кокос од Витаминка
- 15 гр.какао од Витаминка
- малку цимет
- 20 гр. сечкани бадеми
- 1 лажица путер од кикиритки
- 2 кафени лажици мед
- 1 лажица мала кокосово масло
- 1 банана
- 150 гр. грчки јогурт
- мешано шумско овошје
- протеински пудинг