Жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер изматете ги и варете ги на пареа околу 10мин.
Додајте исечкано чоколадо и мешајте додека се растопи.
Оставете малку да се излади,па додадете ја во изматен путер на собна температура.
Во истата смеса додадете го изматениот шлаг.
Оставете го филот во фрижидер.
Изматете ги белките и додадете малку сол, додадете го шеќерот и изматете.
Додадете ги оревите и брашното промешано со прашок за пециво.
Печете во тава обложена со хартија за печење.
Исечете ја кората на 3дела.
На пареа истопете 100г чоколадо со 3лажицимасло.
Откако ќе ја тргнете од оган, додадете една лажица маргарин.
Секоја кора премачкајте ја со фил а одозгора прелијте ја со растопено чоколадо.