ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ
1.Секое колаче ресана исечете го на 4 парчиња и ставете ги сите ресани во голем длабок сад.
2.Ставете тенџере на оган. Додајте ги во него млекото и маргаринот. Мешајте додека маргаринот не се стопи целосно, а кога ќе се случи тоа, тргнете го тенџерето од огнот. Оставете го да се олади.
3.Со изладеното млеко прелијте ги ресаните. Додајте ги исечканите ореви. Мешајте внимателно со дрвена лажица или со рака. При мешањето не употребувајте премногу сила за да не се издробат ресаните.
4.Со рацете оформете ја смесата по желба или ставете ја во голема модла.
5.За попримамлив изглед, стопете поголемо количество темно чоколадо и прелијте ја тортата. Најлесен и најбрз начин да ја завршите тортата е само да изрендате чоколадо по целата нејзина површина.
6.Оформената торта оставете ја да отстои во фрижидер 2-3 часа.