Ставете ја во тенџере водата да зоврие, а во меѓувреме во еден сад соединете ги брашното, шеќерот и прашокот за пециво.
Откако ќе зоврие, додадете го путерот да се растопи, а потоа додадете ја смесата со брашно, ванилиниот шеќер и исклучете го шпоретот.
Измешајте убаво, така што треба да добиете тесто.
Во тестото додадете го и јајцето.
Во шприц ставете ја смесата и во тава врз хартија за печење формирајте срца.
Печете во претходно загреана рерна на 200С околу 15 минути.
Чоколадата растопете ја со маслото.