Чурос
Доколку немате идеја што да подготвите за денот на вљубените - овој брз и лесен десерт е токму вистинскиот избор!
Чекори на подготовка
- Ставете ја во тенџере водата да зоврие, а во меѓувреме во еден сад соединете ги брашното, шеќерот и прашокот за пециво.
- Откако ќе зоврие, додадете го путерот да се растопи, а потоа додадете ја смесата со брашно, ванилиниот шеќер и исклучете го шпоретот.
- Измешајте убаво, така што треба да добиете тесто.
- Во тестото додадете го и јајцето.
- Во шприц ставете ја смесата и во тава врз хартија за печење формирајте срца.
- Печете во претходно загреана рерна на 200С околу 15 минути.
- Чоколадата растопете ја со маслото.
Намирници
- 200 мл вода
- 50 г путер
- 140 г брашно
- 3 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер Витаминка
- 1/2 прашок за пециво Витаминка
- 1 јајце
За прелив:
- 100 г чоколада за готвење Витаминка
- 50 мл масло Витаминка
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
Највкусни и најдобри рецепти!!!
Превкусно 😍