Два месеци го мислев овој лахмаџун, дури и си порачав од едно место, но верувајте оваа имитација на лахмаџун е ПРЕдобра! Го правевме веќе двапати и верувам дека овој оброк ќе биде редовно на мени.
За лесен meal prep, замрзнете ги готовите тортиљи со месо и само испечете ги кога сакате 😌
- Изблендирајте ги состојките смесата со мелено месо.
- На секоја тортиља ставете 80-100г мелено месо и убаво распоредете го со лажица.
- Загрејте нелепливо тавче на средна до висока температура и на малку масло гответе ја секоја тортиља додека месото не добие убава боја. Потоа превртете ја тортиљата и оставете кратко да се испече и другата страна. Повторете со сите тортиљи. Може и без масло.
- На крај, додадете салата по желба и уживајте
Намирници
500г мелено месојунешко или мешано
1кромид
китка магдонос
1лажица Дафинка зачин
лук во правбибер, црвен пипер
пиперка по желба
5-6тортиљи
масло
салата: марулапатлиџан, црвен кромид, магдонос, лимон по желба
опционално: грчки јогурт
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!